Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа во близина на Пробиштип
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во 14.15 минути на регионалниот пат Пробиштип-штипско село Крупиште.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила меѓу товарно возило-комбе марка „Фолксваген“ и автомобил марка „Шкода фабиа“ и двете возила со скопски регистерски таблички.
Во несреќата повредени се 39 годишниот возач од Штип и неговиот сопатник во „Фабиата“, кои со Итна медицинска помош од Пробиштип се пренесени во Клиничка болница-Штип.
– Несреќата се случила во 14 часот и 15 минути на регионалниот пат Пробиштип- Крупиште кај местото викано „Киселиц“. Увидот на нашите екипи е во тек за утврдување на причините на несреќата. Очекуваме од Клиничката болница во Штип да не информираат за карактерот на повредите на двете лица во несреќата, вели Панајотова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа