ТРИДНЕВНА ВРЕМЕНСКА: Подгответе се - викендов ќе се „пржиме"
Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 26 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер.
Утринската температура до 15, а дневната 31 степен.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат и 39 степени.
08.07.2016 - 10:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа