Свечена заклетва на 29 генерација на доброволци во АРМ во Велес

Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 29-та генерација на млади војници на доброволно служење во АРМ.
 
Во присуство на заменик началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај, од свечената бина  на младите војници им се обрати и им ја честита свечено дадената заклетва, заменик министерот за одбрана Беким Максути .Тој потенцира  дека позивот да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за нив младите војниците, туку и за нивните родители, семејства и секој граѓанин.
 
- Токму затоа, денес, е посебен ден за вас, 6млади војници од 29 класа на доброволно служење на воениот рок во АРМ. Служењето во АРМ е најдобар доказ за вашата зрелост да носите сами одлуки, доказ за вербата која ја имате во највисоките човекови вредности. Со заклетвата, Вие се обврзавте да го чувате и браните уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служите на народот, потенцира заменик министерот Максути.
 
Тој потсети дека тие се базата   за понатамошна селекција за идни професионални војници во нашата армија.
 
Особено сум горд што меѓу вас се присутни припадници од сите етнички заедници, затоа што Армијата на Република Македонија е вооружена сила на сите граѓани на Република Македонија. Посебно сум среќен што меѓу вас се и пет припаднички од понежниот пол, кои цврсто се решени да ги надминат традиционалните стереотипи дека војничкиот позив е само машка работа. Тоа е доказ дека воената професија станува се поатрактивна и за припадничките од понежниот пол и дека постојано се унапредува родовата еднаквост во нашата земја и се имплементира Резолуцијата 1325 на Советот за Безбедност на ООН. Пред нас стојат идни „амбасадори на мирот“ и промотори на вредностите на Република Македонија, не само дома туку и надвор, на меѓународната сцена, истакна заменик министерот за одбрана Максути.
 
На младите војници им се обрати и командатот на Центарот за индивидуална обука ЦИО потполковник Газменд Абдиу, кој честитајќи им ја свечено дадената заклетва, ги информира дека во наредните три месеци раководени од искусни старешини на АРМ ќе треба успешно да ја поминат основната воена обука која се спроведува во Центарот за индивидуална обука-ЦИО, а е дел од Командата за обука на гарнизонот во Велес. 
 
 
08.07.2016 - 12:46
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега