Утре не очекува тежок ден - Пеколни температури во Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 26 до 33  степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно и топло време. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст, а кон средината на наредната недела на повеќе места максималната температура ќе надминува над 35 степени, а во југоисточниот дел од земјава се очекува да достигне до 39 степени.

В недела и во понеделник во попладневните часови се очекува да има локална нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен дожд и грмежи. Од втората половина на наредната недела температурата ќе има тенденција на опаѓање, но ќе има и почеста појава на дожд и грмежи. 

 
 
08.07.2016 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега