РЕПУБЛИКА: Аболираниот Заев го легализира криминалот во Струмица, јавноста очекува реакција на институциите

 

Без задршка со овој случај треба да се занимава и самата опозиција чиј што лидер е, особено ако се има предвид дека не само што и наштети политички и на партијата и на државата, туку и бесрамно ја злоупотребува за да ги сокрие своите криминални делувања.

Ако Заев, чија што кариера по црпнувањето му започна со случајот „Глобал“ вреден осум милиони евра, за на крај да го употреби законот за легализација на дивоградбите и така таа повеќекатница изградена на диво на просторот на струмичкото пазариште, што го спречува истиот закон и принцип на работа да не го повтори? Ако за „Глобал“ аболицијата од Бранко Црвенковски го направи недопирлив за државните органите, за другите дела се затскрива зад партиската функција, играјќи на каратата дека за секоја инспекција или истрага се крие „политички мотивиран случај“. Притоа, не смее да се изземе најголемиот случај против него, случајот „Пуч“. Ако за случајот Превоз на учениците, во општинската влегоа финансиската полиција и други истражни органи, тогаш за овој случај претпоставуваме дека истрага треба да се спроведе не само за Заев, туку и за сите засегнати страни кои се наведени во документите до кои дојде и ги објави Република .

doc-strumica   

doc-strumica2

doc-strumica4

Заев, кого целата јавност се уште има прилика на социјалните мрежи да го види како во стилот на сицилијанските мафијаши со цигара во рака бара од приватен бизнисмен по едно евро за него и едно за црквата за да му овозможи преку општинската администрација откуп на земјиштето; и во кое видео самиот преку примери кажува дека тоа е принципот на неговата градоначалничка работа; може да се претпостави дека и во овој случај е употребена таа практика. Секако, доколку се изземат струмичките чаршиски муабети дека всушност целиот тој имот е токму на Заев, пишува неделникот.

 

 
 
09.07.2016 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега