Мислевте дека до сега беше топло? - пеколен бран доаѓа кон Македонија

Денеска е понеделник, 11 јули 2016 година, 193-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 173 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 8 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути.

Денов трае 15 часа и 2 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 12 часот и 16 минути и нема да зајде.

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена  локална облачност, попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35° С.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови продолжува претежно стабилно и топло време во кој дневните температури ќе бележат пораст, а до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминуваат 35 степени. Во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и 39 степени. Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност. Од петок температурите позначително ќе опаднат и ќе има повторно појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи.

 
 
11.07.2016 - 07:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега