Маја Иванова во Париз на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на ICAO

Агенцијата за цивилно воздухопловство претставувана од  Маја Иванова, Координатор на кабинетот на Директорот на АЦВ, присуствуваше на одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на европската и северноатланската канцеларија на ИКАО, со седиште во Париз.

На чествувањето на овој значаен Јубилеј за меѓународното цивилно воздухопловство, присуствуваа регионалниот директор на Европската и северноатланската канцеларија на ИЦАО- Интернатионал Цивил Авиатион Органисатион,  г дин Луис Фонсека де Алмеида, Генералниот секретар на ИКАО, г ѓа, Фанг Лиу, претседателот на Советот на ИКАО, г дин Олимујиа Бенард Алиу, како и голем број други високи преставници на европската и светска воздухопловна индустрија.

ИКАО, како Меѓународна организација за цивилно воздухопловство на Обединетите нации, во која членуваат 190 земји, е формирана за време на Чикашката конференција за цивилно воздухопловство на 7 декември 1944 година во Чикаго.

Македонија пак како држава, стана членка на организацијата, на 3 јануари, 1993 година, со прифаќање на Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Чикашка Конвенција) согласно Уставниот закон од 1991 година.

Седиштето на ИКАО, чија основна задача е обезбедување сигурно, безбедно, редовно и ефикасно меѓународно цивилно воздухопловство, темелено врз принципот на еднаквост и рамноправност на сите чинители во воздушниот сообраќај, е во Монтреал, Канада.

 
 
11.07.2016 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега