ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Погледнете ги екстремните скокови во Мермерното езеро

Meрмерното езеро  во селото Беловодица во Прилеп, привлекува и по неколку стотици посетители во текот на денот. Особено за викендите, тука е преполно. Прилепчани својот излез од топлотната жега го пронајдоа над малото заборавено селце Беловодица, во езерцето кое настана на местото на некогашниот рудник за мермер, пренесува порталот МАРКУКУЛЕ.МК.

Прилепското “Памук Кале” како што популарно се нарекува месетото, го привлече вниманието и на неколку нуркачи, кои во текот на вчерашниот ден констатираа дека длабочината на езерото е 15 метри.

13621371_10208515273270811_687433699_o

Освен оние кои доаѓаат и ја почитуваат природата, сакајќи ова место да остане чисто, достапно и да не се предизвика проблем, поради кој ќе биде забрането, има и такви кои доаѓаат и ја предизвикуваат природата, правејќи различни егзибиции на мермерните етажи.

 

Поранешните вработени во рудникот за мермер Беловодица предупредуваат, дека не е познато колкава е стабилноста на огромните мермерни блокови кои се издигаат над езерото, па реагираат по социјалните мрежи на ваквото однесување на поединци.

13616305_10208515273230810_1934034940_o

Ние исто така ќе апелираме посетителите да внимаваат, да ја зачуваат оваа недопрена и кристално чиста природна околина, да не фрлаат отпадоци и да се однесуваат покорно кон природата, затоа што таа може да биде добар слуга, но и строг господар.

vozila

Ваквите слики на теренски возила кои кои висат по мермерните блокови и адреналисти кои скокаат од истите, го загрозуваат престојот на сите други кои се разладуваат во тиркизната вода на езецето.

ИЗВОР: MARKUKULE.MK

 
 
11.07.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега