ВМРО-ДПМНЕ Штип: Ветените зголемувања на плати ноторна лага на СДСМ

На денешната прес конференција ги видовме СДСМ во Штип како лицемерно говорат за економската состојба на вработените во текстилната индустрија и кожарската индустрија во Штип, реагираат денес од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Штип

Граѓаните во Штип убаво се сеќаваат што се случуваше во времето кога на власт беше СДСМ: затворање на ПИ „Македонка“, затварање на МК „Астибо“ и ЗИК „Црвена ѕвезда“, „Политекс“ и фабриката  “Селена“, илјадници наши сограѓани останаа без работа, илјадници семејства во Штип останааа на работ на  егзистенцијата. Токму во Штип најсилно се почувствува погубната и криминална транзиција на СДСМ од која во цела Македонија настрадаа 200 000 работници.

СДСМ очигледно сакаат да заборават, но граѓаните убаво знаат дека во времето додека тие беа на власт не постоеше категоријата минимална нето плата. Во тоа време работниците во текстилната индустрија работеа најчесто непријавени за плати кои едвај достигнуваа 5 000 денари. Вработените за кои денес СДСМ зборува беа третирани во нивно време како луѓе од трет ред, без право на достоинствена плата и оставени без елементарната егзистенција.

Граѓаните добро знаат дека минималната нето плата беше воведена со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните знаат дека ветувањата на СДСМ за повисоки плати не се за верување, затоа што тие ветуваа и вработување на по еден човек во секое семејство па сите видоа дека тоа испадна една шарена лага.

Во СДСМ треба да сфатат дека кога еднаш ќе излажеш, веќе никој не ти верува…и тоа е она што им се случува. СДСМ поради своите лаги и манипулации губи на изборите десет пати по ред, а тоа ќе им се случи и повбторно како казна за потценувањето на сопствениот народ.

 
 
13.07.2016 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега