Последните зборови на исчезнатите татко и син: "Батеријата се испразни, се загубивме"
Батеријата ни е при крај, апаратот ќе се исклучи, нема да може да контактираме повеќе. Изгубени сме во планината. Ова биле последните зборови на таткото и синот кои се загубија на планината Бистра, а по кои полицијата и спасувачките екипи интензивно трагаат.
Како што пишува Вест, екипи на полицијата со часови се на планината и пребаруваат во обид да ги најдат загубените татко и син. 78-годишниот Љ.М. и неговиот 50-годишен син С.М. биле во Лазарополе во викендичка, а потоа им се случила драмата.
Иако на почетокот ги контактирале блиските и рекле дека ќе го најдат патот, се загубиле и сфатиле дека немаат ориентација, а последниот повик бил во 22 часот по што им се изгаснале телефоните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа