Трагедии, смрт, бизарни несреќи: Црн викенд во Македонија

Викенд полн со трагедии и несреќи во Македонија. 

Во полицијата во Берово викендов пријавено било дека во атар на селото Двориште на местото „Кривио габер“, бил пронајден починат 44-годишниот В.Р. од Двориште. Според податоците на 15 месецов во 18 часот, В.Р. управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, со приколка натоварена со дрва, од непознати причини изгубил контрола над тракторот и излетал покрај патот, по што паднал и со главата удрил во тврд предмет, по што починал на местото на настанот.

Во селото Орланци-Кичево, пронајден бил починат 74-годишниот М.Т. од Кичево, кој бил со видливи изгореници на главата, вратот, горните екстремитети и на десната нога. Истиот на 13 месецов заминал од Кичево воселото Орланци, а на местото каде е пронајден починатиот околу 10 часот настанал пожар на трева и нискостеблеста шума. Околу 12 часот интервенирала и екипа на противпожарната сужба на Кичево. Починатиот бил пронајден од страна на членови на семејството. 

Викендов противпожарната служба се обидувала да изгасне опожарена куќа во селото Бразда, а при драмата добиле информација дека постои можност внатре да има лице настрадано од пожарот. Околу 04 часот, пожарот бил изгаснат, целосно била опожарена кровната конструкција и вториот спрат од куќата. При извршената проверка, за жал пронајдено е безживотно тело за кое се претпоставува дека е лице на возраст од 46 години од Скопје, кое долги години живеело само во куќата.

Страшна железничка несреќа ја потресе Македонија. На делот од пругата помеѓу Железничката станица во село Дуброво и Железничката станца во Демир Капија, на отворена пруга на 500 метри на вториот влезен сигнал на патниот премин, се случила железничка несреќа помеѓу патничкиот воз бр.634 кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, сопственост на Македонски Железници и автомобил Рено Канго. Со возот управувал машиновозачот Р.С. додека со возилото управувал 44-годишниот З.А. од селото Прждево – Демир Капија, кој од здобиените тешки телесни повреди починал на лице место.

Страшна сообраќајка со три жртви исто така изминативе три дена ја зави Македонија во црно. Сопружниците Ѓорге.С. (61) и Ратка.С. (56) со нивната снаа Александра.С. (28), од Кичево, се жртвите во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Гостивар - Стража во судар на две возила. Загинатите биле патници во возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки кое го управувувал нивниот син и сопруг на Александра, 31-годишниот Н.С. од Кичево.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 19 часот на излезот од Гостивар, кај ресторан „Панорама“, помеѓу опелот и „мерцедес“ со национална ознака на Црна Гора, управуван од 55-годишниот В.Е. од селото Раотинце, Тетовско. 

 
 
18.07.2016 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега