Притвор за тројца фатени во „Којот" - истражна постапка против 16 лица

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје  во предметот Којот донесе Наредба со која се спроведува истражна постапка против 16-шеснаесет лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти, Разбојништво, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничените подолг временски период како група на организиран начин вршела прифаќање и превоз на мигранти низ територијата на Република Македонија од Република Грција кон Република Србија. При тоа врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција при што со употреба на сила им ги одземала паричните средства, мобилните телефони и други подвижни предмети.

Постои сомнение дека истата група го сторила и разбојништвото на 08.02.2016 година во Велес кога од возило на Агенцијата Перпетум мобиле се одземени  4.000.000,00 денари, како и дека на организиран начин вршеле недозволена трговија со наркотични дроги и недозволено држеле оружје. Во акцијата е пронајдено дел од оружјето – автоматски пушки, пиштоли и бомби.

Во рамките на истрагата Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од надлежниот судија да се определи мерка притвор против 9-девет лица.

До овој момент постапката е завршена против 3 лица и им е определна мерка притвор во траење од по 30 дена, а за оснатаите постапката е во тек.​

Ова е видеото од акцијата:

 
 
21.07.2016 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега