Трагедиите се нижат: Пронајден мртов маж - почина младо момче од Тетово
Крвав ден полн со трагедии во Македонија. Се случија голем број немили настани кои ја потресоа македонската јавност.
53-годишниот А.М. од Штип вчера попладне бил пронајден мртов на улицата „Скоевска“. Трупот, како што соопшти полицијата, бил во распаѓање. Засега не е познато во какви околности настапила смртта.
Непознат маж направил хорор кога силувал 31-годишна девојка од Прилеп. Непознат монструм со возило ја пресретнало девојката на улицата „11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе во возилото. Девојката се вознемирила и му рекла да си оди и продолжила пеш кон нејзиниот дом, но тој повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре, по што се упатил кон периферијата на градот каде ја силувал. Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција.
Исто така, полицијата имаше голема акција во која беа приведени повеќе лица од Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија, поради злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба. Акцијата го доби името Којот.
Уште една трагедија ја потресе Македонија. Вчера во 15 часот и 30 минути од водите на Охридско Езеро помеѓу машка и женска плажа, изваден е давеник, а се работи за 24-годишниот Седат И. од селото Камењане-Тетово.
По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга тој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје на КАРИЛ, каде во 20 часот и 15 минути починал.
Нека почива во мир! Голема трагедија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа