Трагедија: 24 годишно момче се удави во Охридското Езеро

 

Почина 24-годишното момче што вчера беше извадено при давење во водите на Охридското Езеро во близина на „Машка плажа“ во Струга.

С.И. роден 1992 година од тетовското село Камењане беше изваден од спасител на Црвениот крст во Струга и по првичната реанимација пренесено во Струшката болница, а потоа и на скопските клиники.

Од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје информираат дека момчето било однесено мртво и покрај обидите да го реанимираат не успеале во тоа.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека несреќата се случила околу 16 часот на просторот меѓу Машка и Женска плажа, на место викано „Трски“, каде немало директно спасители, но интервенирале од соседните плажи.

- Момчето претходно било на педалинка од која скокнало во делот кај трските и го снемало, по што интервенирале спасителите кои го пронашле кај трските и го реанимирале, изјави Димоски.

Првично мемчето без знаци на живот било пренесено и во Болницата во Струга, по преземени мерки за реанимација докторите добиле срецева акција и пулс, но централниот нервен систем, односно мозокот не му фукнционирал.

Ова е прв посериозен случај за спасување во вода од страна на спасителите на Црвен крст Струга.

 

 

 
 
21.07.2016 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега