Забавата и одморот се претворија во трагедија: Детали за момчето кое се удави

 

24-годишно момче почина откако вчера околу 16 часот во критична состојба беше извлечено од водите на Охридското Езеро помеѓу машка и женска плажа во Струга, каде се рекреирало на педалинка. За жал, иако лекарите во Скопје дале се од себе, момчето кое било донесено во неконтактибилна состојба, починало во 20 часот и 15 минути на КАРИЛ.

Момчето скокнало од педалинка на која се рекреирало и исчезнало во езерските води, по што друго лице кое исто така било на педалинката ги известило родителите на давеникот, кои ги алармирале спасувачките тимови на Црвениот крст.Како што пренесува Охридњуз, спасителите веднаш реагирале и со скутер стигнале до местото на настанот на околу 100 - 150 метри од брегот, а брзо потоа и го извлекле давеникот од езерските води.

Тој бил во вода 20 минути.

Навистина голема трагедија.

 
 
21.07.2016 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега