Крв и наркотици околу починатите сопружници од Белград
Телата на мажот и жената сопружници кои вчера беа пронајдени во стан во Белград, биле пронајдени со дрога и многу крв околу нив.
Полицијата не може да го утврди идентитетот на жртвите како и причините поради кои починале. На телата, според првичните проценки од полицискиот увид, нема траги на насилна смрт, дознава Блиц.
„Во тој стан често пати се менуваа станарите. Пред десетина дена слушнав како оваа двојка гласно се кара. Жената споменувала некакво заминување. Но, не знам за што станува збор. Станот кој го изнајмувале своевремено беше и јавна куќа, така да од тогаш ништо не сме слушнале“, раскажува сосетка од зградата.
Полицијата се обидува да открие во кои околности настанала смртта.