Грант од 1.220.000 денари на општина Вевчани

Министерството за финансии додели грант од 1.220.000 денари на општина Вевчани.

Станува збор за средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка, наменет за изградба на пристапен пат до новоизграденото училиште “Страшо Пинџур”.

Инаку од 2006 досега наставата се одвиваше во општинската зграда во Вевчани, каде просторот не ги задоволуваше критериумите за водење настава. 

Вкупниот фонд на Проектот за подобрување на општински услуги изнесува 56,1 милиони евра. Тој започна со имплементација во август 2009 година, а ќе трае до ноември 2017 година.

ФОТО: Канал 77

најчитано сега