Тодоров: Ваква криза не смееме да дозволиме да се случи повторно

 

Во Македонија после овие избори  ваква криза не смееме да дозволиме да се случи никогаш повеќе. На овие избори народот треба да стави крај на оваа криза, и крај на еден ваков начин на функционирање во политиката, вели Никола Тодоров во интервју за неделникот „Република“.

– Политиката не треба да креира кризи, политиката треба да решава проблеми. Во политиката треба да влезеш со програма и со политичка понуда со која што треба да помогнеш да се подобри животот на граѓаните во секоја свера на функционирањето на општеството. Ако тие ја сфаќаат политиката како алатака за креирање на кризи и преку кризи добивање на власт тоа е нивна катастрофална грешака и таа нивна политика еднаш за секогаш ќе заврши. На овие избори граѓаните ќе одлучат дека кризата во Македонија завршува и дека никогаш повеќе несмее да се повтори една ваква ситуација, вели Тодоров.

Повеќе на Република

 

 
 
30.07.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега