„Ван Гог" ќе ја запалат публиката во Охрид

„Охридско лето“ во вториот дел од годинaшното 56-то издание влегува со оф-програмата во чии рамки вечер на сцената „Долни Сарај“ концерт ќе одржи познатата рок-група од Србија „Ван Гог“.

Директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски на денешната прес-конференција истакна дека независно што се работи за фестивал на класична музика, се согласил „Ван Гог“ да биде дел од „оф-програмата“ на „Охридско лето“.

- Група што е толку активна на сцената, која преку богато 30-годишно творештво, се наметнала како препознатлив бренд во регионот, претставува своевидна рок-класика и заслужува да биде дел од нашата најголема музичко-сценска манифестација, рече Арсовски.

Фронтменот на „Ван Гог“ Звонимир Ѓукиќ во свое и во име на членовите на групата рече дека за нив преставува голема чест во годината кога одбележуваат 30-години од формирањето да бидат дел од „оф-програмата“ на „Охридско лето“.

- Мило ми е што „Охридско лето“ го менува својот курс и го проширува креативниот метаболизам во некоја друга насока, различно од вообичаениот класичниот, кој изминатите години беше негова главна определба, рече Ѓукиќ, заблагодарувајќи се на поканата.

За сцената на Долни Сарај каде ќе се одржува концертот, Ѓукиќ истакна дека е фантастичен, боженствен простор за настапување, место на кое публиката ќе може и визуелно да ги доживее нотите и стиховите на „Ван Гог“.

„Ван Гог“ пред неколку месеци го објави изданието „Ако станемо губимо све“, на кое се сместени освежени аранжмани на 12 од нивните најпознати песни.

 
 
01.08.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега