Јолевски упати честитка: Илинден претставува симбол на нашиот непокор, желба и одлучност да живееме слободно

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на сите припадници на Армијата на Република Македонија, вработените во Министерството за одбрана и граѓаните на Република Македонија им го честита големиот празник „2 Август – Илинден“.

-Илинден претставува симбол на нашиот непокор, нашата желба и одлучност да живееме слободно, независно и во мир, со себе и со нашите соседи. На овој ден ние ги славиме храбрите Илинденци и сето она што тие го жртвувале за нашата татковина. Ги славиме и мудрите и пожртвувани припадници на Народноослободителната војска кои ги удрија темелите на модерна Македонија, истакнува министерот во честитката.

Припадниците на Армијата на Република Македонија, водени и мотивирани од идеалите на нивните предци, секојдневно даваат придонес кон независноста и сувереноста на Република Македонија и тоа нашите граѓани го ценат неизмерно, додава министерот Јолевски.

 
 
01.08.2016 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега