Се работи на решавање на инфраструктурните проблеми за да се спречат штети при следно невреме во Шипковица

Во посета на Шипковица денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој се сретна со жителите на Шипковица и направи увид на она што досега е санирано односно направено.

Жителите на Шипковица го пречекаа Груевски со благодарница за она што Владата и тој го направиле за нив во изминатата година.

Тие истакнаа дека санирана е речиси 90 проценти од штетата, но побараа помош од Груевски за санирање на уште неколку куќи, но и патот над селото и за карпата која што би можела да предизвика штета  при евентуално новоневреме.

Државниот секретар од Министерството за транспорт и  врски Божидар Петроски рече дека во врска со сите инфраструктурни проблеми во смисла на проблеми со карпата со суводолици направена е целосна анализа, стратегија и студија од страна на Министерството за животна средина во што беше вклучена и УНДП и овие документи содржат краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки како сето тоа да се санира.

Проектот  според државниот секретар треба да започне да се реализира на терен.

На терен во Шипковица излегле од УНДП, од градежниот факултет и други лица и експерти заинтересирани да помогнат.

Груевски  рече дека би требало да се предложи на седница на Влада да се даде акциски план и тоа кога би можело да започнат работите и да се среди тој пат кај потокот кај Шипковица и делот со карпата.

За патот од Шипковица кон Бродец односно Попова Шапка државниот секретар во Министерството за транспорт и врски го информираше Груевски дека е завршен од страна на централната власт, но оти останува дел којшто треба да биде опфатен од локалната самоуправа.

– Станува збор за локален пат  од три километри проектиран од  Јавното претпријатие за државни патишта, рече тој.

Вредноста на инвестицијата е околу 25 милиони денари. Исто така на барање на жителите најавено е санирање на приодниот пат во селото Шипковица.

За време на посетата на општина Тетово, Груевски се сретна и со жителите на Брвеница и неколку други тетовски села при увидот на регионалниот пат Тетово – Гостивар делница Брвеница-Чегране.

Во Гостивар тој ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на училиште и спортска сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататутурк“, а ќе изврши увид во активностите при изградба на објект Тоскалар  со 70 станови за лица со социјален ризик и други групи,  а ќе се сретне и со жители на Гостивар.

 
 
01.08.2016 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега