Одбележан празникот Илинден во Крива Паланка

Со пригоден говор за значењето на двата Илиндена и полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци од Народно ослободителната борба пред зградата на локалнатa самоуправа во Крива Паланка беше одбележан 2. Август-Илинден.
 
Пред споменикот оддавајќи им почит на борците вградени во историјата цвеќе положија делегација од општина Крива Паланак предводена од градоначалникот, Арсенчо Алексовски, пратеникот во Собранието ан РМ од Крива Паланка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, делегации од политичките партии од ОК на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Сојузот на борци од НОБ и останати здруженија и граѓани.
 
- Денеска се собравме пред споменикот на паднатите Борци за да го прославиме најголемиот национален празник, 113 години од Илиндeн 1903 и 72 години од Илинден 1944 г. Кога се одржа првото заседание на АСНОМ и 22 и 25-та Српска дивизија како и третата Макеоднска ударна бригада  во Манастирот св. Прохор Пчињски, во таа чест им укажуваме почит со едноминутно молчење, рече во обраќањето претседателoт на Сојузот на борци од НОБ, Крива Паланка, Славе Јовановски.
 
Градоначалникт Алексовски нагалси дека се ова два исклучително значајни датуми од историјата кои секогаш со достоинство ги одбележуваме.
 
- Со особен пиетет кон паметниците на државотворноста денешното чествување го отпочнавме овде,a продолжуваме со посета на Маморијалниот  центар АСНОМ, во Пелинце. Нека е честит големиот Илинден, рече Алексовски.
 
Пратеничката Митовска им ги честиташе Илинден на сите граѓани на Република Mакедонија. 
 
- Честитки за двата илиндени, но и за верскиoт празник  посветен на Свети Илија, кој многу верници го празнуваат како именден и домашна слава. На овој ден се собираат верниците и го прославуваат свети Илија како селска слава и собор, па ние денеска ќе го посетиме собирот во село Трново, додаде Митовска. 
 
 
02.08.2016 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега