ФОТО: Нов амбасадор на Франција во Македонија

Кристијан Тимоние е назначен за амбасадор на Република Франциија во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Назначувањето на Кристијан Тимоние е објавено во Службениот весник на Франција и на функцијата амбасадор тој ќе ја замени досегашната амбасадорка Лорамс Оер, чиј мандат истекува.

Кристиан Тимоние е дипломат од кариера и претходно бил Генерален конзул во Неапол и Солун, а во моментов беше член на постојаната екипа во својство на дипломатски советник на Мисијата за одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна.

 
 
02.08.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега