Заев упати честитка до граѓаните за празникот Илинден

Република Македонија е заедничка татковина на сите нас и заедно треба да се бориме за неа и да ги постигнеме идеалите токму на двата илиндени, а тоа се секако слободна земја со демократски институции, правото и правдата да важат за сите, земја каде што граѓаните ќе имаат достоинствен живот под еднакво за сите, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска од Крушево им го честита 2 Август - Илинден на граѓаните на Македонија.

- Не постојат два различни идеала, две различни револуции. И во 1903 и за време на Народно ослободителната борба, и во минатото и денес, постоел и постои само еден идеал, слободна Македонија во којашто достоинствено ќе живеат сите нејзини граѓани, вели меѓу другото Заев.

За тоа дали сме ги исполниле соништата на борците од сите илиндени, на нашите знајни и незнајни јунаци, според Заев, денес се мери според квалитетот на животот.

- Нам ни треба нов четврти Илинден во којшто ќе се обединиме одново без разлика на вера, народност, пол и убеденија. Заедно, браќа, сестри, земјаци и комшии како што е запишано и во Крушевскиот манифест, ќе се избориме за право, слобода и за социјална правда, рече претседателот на СДСМ. 

 
 
02.08.2016 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега