Груевски: Граѓаните на Македонија се господари на ова парче земја
Победата, слободата, напредокот, развојот и успехот се нашата финална цел. До неа се доаѓа со почитување и спроведување на основните вредности“, порача во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод празникот Илинден.
Тој додаде дека до целта се стигнува со стратегија и тактика, но и со оператива и многу труд и многу работа.
-Знам дека македонскиот народ едвај чека да добие шанса, да се произнесе за сето она што го гледа, да го даде својот глас, да излезе и на слободни фер избори да каже дека граѓаните на Македонија се господари на ова парче земја. Дека овде живее народ што знае што сака и што прави, што знае правилно да расудува, истакна Груевски.
Тој посочи дека Македонија како и досега ќе излезе уште посилна и пообединета.
-Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.
Во продолжение слушнете го говорот на Груевски по повод Илинден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа