Научна и уметничка визита 2016 во Охрид

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите во Охрид ќе почне манифестацијата „Научна и уметничка визита 2016 година“.

Во рамки на манифестацијата денеска во куќата на Уранија ќе се одржи предавање на тема „Мозаиците во минатото и современоста“ од академиците Вера Битраковска Грозданова и Газанфер Бајрам.

Манифестацијата продолжува со изложби, промоции, Свечена академија по повод 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, тркалезна маза за високото образование и наука, како и завршна конференција за процесите на модернизација на Балканот, а завршува на 2 септември со симпозиум за богомилското движење и богомилската книжевност. 

 
 
03.08.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега