Кон крајот на септември почеток на градежните работи во рудникот Иловица

 

Експропријацијата на рудникот Иловица е во финална фаза, со што насокро ќе започнат градежните активности. Се очекува веќе кон крајот на септември или почетокот на октомври да се започне со градежни работи.

-Експропријацијата за две концесии кои треба да се спојат во една и  веќе при крај. Градежните работи ќе траат отприлика година до година ипол. Станува збор за еден од најголемите рудници во југоисточна Европа и сигурно ќе бидат ангажирани над 1000 луѓе од градежниот сектор кои ќе работат само во фаза на градба. Понатаму ќе бидат ангажирани околу 600 рудари кои ќе работат во континуитет во овој рудник, вели заменик министерот за економија Христијан Делев.

Станува збор за една од најсериозните инвестиции во Македонија и ќе влијае многу врз економијата во државата.

-Се надевам дека и во иднина ќе имаме слични две до три локалитети за кои што веќе минатата недела на една компанија од Австралија и доделивме концесија за експлоатација. Компанијата планира да отврои два поголеми рудници кои што треба со слична големина како Иловица, објаснува Делев.

Концесиите се наоѓаат во реонот на Пробиштип, Кратово и Крива Паланка.

 
 
04.08.2016 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега