Хумана македонска естрада: Вечерва концерт за помош на настраданите

Вечерва со почеток во 20 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за настраданите во поплавите.

Иницијатор на концертот е пејачката Елена Велевска која несебично ја поддржаа дел од колегите и со заеднички сили вечерва сакаат да соберат средства за настрадните во поплавите.

– Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се излезат од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва сите кои што сте во Охрид да дојдете на градскиот плоштад во 20 и заедно да донираме. Секоја помош е добредојдена – изјави Велевска.

elena-velevska-donira

На концертот ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Ристе Ристевски, Анастасија Петреска, Ѓоко Таневски, Петар Нечовски, Анета Наковска и многу други. Нивниот број постојано се зголемува.

Освен концертот, во Охрид може да се донираат најпотребните средства секојдневно од 10 до 18 на пунктот кој е поставен на градскиот плоштад веднаш спроти кафулињата.

 
 
11.08.2016 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега