The Prodigy ќе донираат за луѓето во поплавените подрачја

Светски познатата група „The Prodigy“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата Фејсбук страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината.

Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите.

„Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци“, напиша групата на социјалната мрежа.

Pdodigydonira2

Концертот на „The Prodigy“ треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во рамките на првото издание на фестивалот на отворено „Охрид колинг“.

 

 
 
11.08.2016 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега