Загубил контрола и излетал од патот: Страотна несреќа во Виница
Околу 06 часот и 40 минути на регионалниот пат Виница – село Смојмирово, се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл непозната марка и непознат регистарски број, управуван од 19-годишниот Ш.Д. од Виница, излетал од патот. Во незгодата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Виница, бил пренесен во Општа болница-Кочани, од каде поради сериозноста на повредите е препратен во Клинички центар-Скопје. По незгодата мотоциклот бил тргнат од местото на настанот и однесен во непознат правец.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа