Волонтери од штипскиот Црвен крст ќе ја достават хуманитарната помош во скопскиот регион

Волонтери  на Општинската организација Црвен крст во Штип денеска ќе ја достават хуманитарната помош на граѓаните од поплавените подрачја во скопскиот регион.

Мауела Николова волонтер во Младинскиот клуб на ОО Црвен крст-Штип вели дека во акцијата која ја организираа заедно со Општина Штип донирани се храна, средства за хигиена, вода и пелени за бебиња.

- Во текот на денот десет волонтери од Младинскиот клуб на  Црвениот крст-Штип ќе ја доставиме хуманитарната помош на граѓаните кои беа погодени  во поплавите во скопскиот регион. Голема благодарност до штипјани што донираа, вели Николова.

Вработени во институциите кои се под ингеренции на локалната власт и доброволци секој ден заминуваат во населените места, каде што помагаат во расчистување на штетите во куќите или во санирање на каналите. Портапролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека и утринава од Штип заминале два автобуси со цел да им се помогне на жителите од скопскиот регион.

 
 
15.08.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега