Влетал со колата во фирма во Куманово - крвнички го претепале со дрва

 

Во 09 часот и 30 минути во Куманово, на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во канцеларија на ДПТУ„Бајер“ од Куманово, 33-годишниот Ф.М. од Куманово извршил насилство врз сопственикот на фирмата. Се работи за 62-годишниот С.Р. од Куманово кој поради нарушени односи започнал расправија. Потоа дошло и до тепачка помеѓу Ф.М. од една страна и С.Р., А.Р., Б.Ќ. и А.Р. од друга страна, при што на 33-годишниот кумановчанец му нанеле видливи повреди по главата и телото. Истиот изреволтиран излегол од објектот, влегол во своето возило „БМВ Х5“ со охридски регистарски ознаки, и со предниот дел влетал преку излогот во внатрешноста на објектот каде биле горенаведените лица. Потоа, истите, повторно физички го нападнале удирајќи го со парчиња огревно дрво, а го оштетиле и возилото.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

По насоки од Јавен обвинител против сите горенаведени лица ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело „насилство“.

 
 
16.08.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега