Рокот истекува денеска: Спорните гласачи да се пријават во ДИК
Заклучно со денеска, до 12 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 7931 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несвпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
На следниот линк можете да го следите овој број на поднесени пријави во реално време:
https://prijava.sec.mk/LiveDashboard.aspx
Од нив, 3376 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 4555 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Рокот за пријавување истекува денеска, 19 август.
Канцелариите на ДИК ќе работат до 19:00 часот, додека електронската апликација ќе биде отворена до 24:00 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа