Страшна сообраќајка на патот Куманово-Скопје: Маж и жена итно на Ургентен
Околу 14 часот на автопатот Куманово-Скопје, во селото Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ“ со бугарска национална ознака, управувано од 44-годишниот З.С. од Куманово и камион „Ман“ со српска национална ознака, управуван од 25-годишниот М.И. од Србија. Во незгодата возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Куманово е префрлен во Ургентен центар Скопје, додека сопатничката од истото возило, 43-годишната С.С. од Куманово, се здобила со телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во ЈЗУ-Куманово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа