Фантомизацијата на СДСМ доживеа класично фијаско
Класично фијаско доживеа операцијата на СДСМ за оспорување на избирачкиот список. Фантомите на Шеќеринска и Заев останаа само уште една во низата манипулации на опозицијата во намерата да се прикрие катастрофалниот изборен пораз кој СДСМ го доживеа на изборите во 2014 година.
По речи си 2 години тешка политичка криза во Македонија, опозицијата конечно е извадена на чист терен, каде што веќе не може да тврди дека причините за серијата изборни порази лежат во избирачкиот список и во „украдени“ неверојатни 200.000 гласови.
Многу врева за ништо, велат експертите откако стана јасно дека избирачкиот список за изборите во декември ќе биде идентичен како списокот за изборите во 2014 година за кои СДСМ тврдеше дека им биле украдени.
Околу 30.000 гласачи ќе останат без право на глас, главно етнички Албанци, кои не се дел од гласачкото тело на македонските политички партии. Според експертите тоа е уште доказ за манипулациите на опозицијата, која во јули годинава се согласи активно да се проверуваат само 39.502 гласачи.
Од другата страна, во ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата криза имаше единствен став, а тоа беше СДСМ колку што сака да го проверува избирачкиот список и да го пречистува со онаа методологија која што мисли дека ќе биде најдобра за на Бихаќќка да бидат убедени во неговата веродостојност како би можеле да го признаат поразот кој ги чека во декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа