Се расчистува патот за избори: Заврши рокот за избор на петти член на ад-хок телото
Вчера истече рокот за пријавување на конкурсот за петти член на ад хок телото за медиуми. Четирите членови за во вторник закажаа состанок на кој треба да одлучат кој ќе го комплетира привременото тело кое треба да врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период, а засега се знае дека тоа ќе биде Албанец.
На 31 август, партиските лидери треба да излезат со конечен став, дали се исполнети условите за одржување на изборите.
Инаку, во петокот, заврши и рокот за пријавување на спорните гласачи. Со ова се расчистува патот за избори во декември.
22.08.2016 - 08:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа