Советниците на СДСМ во Гази Баба биле против чистење на одводните канали во февруари 2016
Советниците од коалицијата на СДСМ барале повлекување од дневен ред и не гласале за одлуката со која општина Гази Баба седма година по ред го субвенционира чистењето на одводните канали, во корист на граѓаните кои имаат земјоделско земјиште.
Според советниците на СДСМ и коалицијата на седницата одржана на 22.02.2016, парите во износ од речиси 3.900.000 денари кои општина Гази Баба ги издвоила за субвенционирање на чистењето на каналите „биле премногу пари за оваа намена и наместо за чистење на каналите требало да се употребат за еколошки фасади и кровови во градинки“, како што забележуваат советниците на СДСМ и коалицијата во стенограмите од седниците на советот кои општина Гази Баба ги снима, пренесе Дневник.
Затоа тие најпрво бараат повлекување на точката од дневен ред, што не им успева, а подоцна и не гласаат за да се усвои одлука за чистење на одводните канали преку субвенционирање.
Мица Младеновска од коалицијата на СДСМ на оваа седница вели: „Имам забелешка во однос на износот кој треба да биде исплатен, односно тие пари 3.882.672,00 денари можат да се искористат за санација на улици, на кровови во градинки.“
„Предлагам оваа точка да биде повлечена од дневниот ред“, ќе додаде Младеновска.
Сашо Начовски од опозиционата коалиција се приклучил кон барањето на Младеновска предлагајќи овие средства наместо за чистење на каналите да се искористеле за енергетско ефикасни фасади за колективните згради, како и дека постоеле „најразлични субвенции за чистење на канали или ред други работи.“
Покрај тоа што не објаснил кои се тие најразлични начини за субвенционирање освен финансиската помош, Начовски дури е ироничен и циничен, и додава дека „потребно е оваа ставка да се намали. На крај повторно ако имаме град или поплава ќе се отвори работа за општинската комисија за проценка на штети.“
За жал – имаше поплава, и тоа катастрофална, во која животите ги загубија 22 луѓе и беа причинети огромни материјални штети кои допрва ќе се утврдуваат. Прашање е колку ќе беше полош епилогот доколку успееше планот на СДСМ и коалицијата општина Гази Баба да не го субвенционира чистењето на каналите.
Општина Гази Баба веќе седма година, заедно со општините Илинден и Петровец, ги субвениционира физичките лица кои имаат земјоделско земјиште и обврска да плаќаат годишен надомест на јавното претпријатие „Скопско Поле“ за чистење на каналите. Овие три општини седма година по ред обезбедуваат редовно чисти канали преку субвенционирање на обврската на граѓаните, не дозволувајќи застој и проблеми во одвивањето на оваа активност поради неподмирени обврски на корисниците до јавното претпријатие.
Деновиве во рамите на своите некрофилски активности, претставници на СДСМ се сликаат и раскажуваат колку пари ќе вложеле кога ќе дојделе на власт во чистење на каналите. Овој стенограм од седницата на која СДСМ не сака да се даваат пари за оваа намена е најдобар доказ за лицемерието на најголемата опозициона партија, како и за обидите по секоја цена и во време на вакви големи трагедии да ги лаже граѓаните, обидувајќи се да собира ситни политички поени, велат експертите кои ги консултиравме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа