Разгледани кандидатурите за Комисијата за следење на медиумското претставување
Привремената комисија за следење на медиумското претставување одржа средба, по завршувањето на рокот за пријавување на кандидати за петтиот член на комисијата.
На денешната средба, членовите на Привремената комисија ги разгледаа досега пристигнатите пријави. Согласно роковите утврдени со закон, Привремената комисија информира дека ќе ги испочитува 24 август како рок за избор на петтиот член.
22.08.2016 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа