СДСМ бара повисок интервентен надомест за поплавените домаќинства

 

Опозициската СДСМ денеска побара власта да го зголеми на 90 илјади денари интервентниот надомест на штета  по  домаќинство  во поплавените подрачја во скопско.

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски изјави дека надоместот што го утврди Владата од по 30.000 денари не е доволен и оти на луѓето од поплавените подрачја кои останаа без ништо итно им се потребни пари.

- Овие наши сограѓани целосно треба да ги реконструираат своите домови. За девет дена почнува училишната година. На овие семејства им требаат чиста вода, храна, нова облека, книги, училишен прибор..., изјави Дамчевски.

За да се обезбедат пари за интервентен надомест од по 90.000 денари, СДСМ, како што рече дамчевски, бара веднаш да запре изградбата на „Панорамското тркало“, кулата на Водно и барокните фасади во Скопје

 
 
22.08.2016 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега