Возачот бил пијан жртвата имала само 18 години - детали од стравичната несреќа кај Крива Паланка
Како што веќе објавивме, синоќа, околу 21,45 часот, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на местото викано „Љубински Ливади“ во општина Ранковце се случила сообраќајна незгода во која М.Ј.(22) од село Гиновци со моторно возило „ауди А4“ удрил во пешакот Деспина А.(18) од село Љубинци. Момчето удрило во девојката и избегало од местото на настанот.
Во незгодата, информираат од МВР, на место починала Деспина, а по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден несовесниот М.Ј. Извршено му е алкотестирање и утврдено е присуство на алкохол во крвта од 1,04 промили.