Струга на нозе - 23 годишно момче пронајдено мртво во Црн Дрим
Утрово околу 11 часот, случајни минувачи здогледале човечки труп во водите на реката Црн Дрим, дознава Пресс24. Откако случајот бил пријавен во полиција, капачи го иизвадиле безживотното тело од водите на реката.
Според информациите до кои стигнавме, станува збор за 23 годишно момче од кичевското село Пласница.
Сеуште се врши увид на местото на настанот.