ВМРО-ДПМНЕ со предлог мерки за олеснување на животот на поплавените

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Град Скопје ќе предложи да се усвојат неколку одлуки за погодените граѓани од поплавата од 6 август годинава.

Слободанка Трајковска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, рече дека првата одлука со која ќе се продолжат активностите за санација на штетите е воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општина Гази Баба, заради изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во општина Гази Баба.

- Со оваа одлука Град Скопје ќе издвои 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра за реконструкција и санација на улиците кои беа оштетени од поплавите во неколку населени места во Гази Баба, рече Трајковска. 

Таа информира дека жителите од поплавените места ќе бидат ослободени и од плаќање надомест за извршена услуга собирање и транспортирање комунален отпад, како и од надомест за користење на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за август, септември и октомври годинава. 

- Овие одлуки сметаме дека значително ќе придонесат за нормализирање на целокупниот живот на населението и стопанските субјекти, кои беа зафатени од катастрофалните временски неприлики во кои беа настанати огромни материјални штети, рече Трајковска во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Град Скопје, како што нагласи, со сите свои сили и капацитети со кои располагаат и понатаму ќе работат на надминување на штетите и состојбите предизвикани од катастрофалните поплави. 

 
 
24.08.2016 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега