ФОТО: Иванов се сретна со солунскиот градоначалник

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и градоначалникот на Солун, г. Јанис Бутарис, денеска го посетија Крушево. На покана на Школата за младите лидери што се одржува под покровителство на претседателот Иванов по седми пат годинава, градоначалникот Бутарис е еден од предавачите на оваа меѓународна школа за млади лидери, што е повод за неговата посета на Република Македонија.   

 За време на посетата на Крушево, претседателот Иванов и градоначалникот Бутарис остварија работен ручек со градоначалникот на Крушево, г. Ѓорѓи Дамчевски. Воедно, градоначалниците на Крушево и на Солун посетија повеќе културно - историски знаменитости во градот.

 Во поширокиот контекст на мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Република Грција,  претседателот Иванов во континуитет остварува средби со разни бизнис и академски делегации, а со цел воспоставување на мостови на соработка меѓу македонското и грчкото општество. Целта на овие средби е искористување на можностите за реализација на заеднички проекти од областа на инвестициите, екологијата, унапредување на економската и универзитетската соработка

 Претседателот Иванов и во ноември минатата година, оствари средба со солунскиот градоначалник Бутарис, на која присуствуваа претставници на стопанските комори од Република Македонија и Република Грција, претставници на медиумите од двете земји и  универзитетски професори.„Заедничката соработка помеѓу двете општества е доказ дека се возможни решенија за предизвиците кои се пред нас, а нештата кои нè поврзуваат се побројни од оние кои нè разделуваат", изјави претседателот Иванов.

 Во оваа насока, се и стипендиите за македонските студенти, за мастер студии на Универзитетот Шефилд при Сити Колеџот во Солун, што се доделуваат секоја година под покровителство на македонскиот претседател.

 

Градоначалникот Бутарис со огромна чест и задоволство ја прифати поканата годинава да биде предавач на Меѓународната Школа за млади лидери, која е основана на лична иницијатива на претседателот Иванов.

 
 
24.08.2016 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега