Мисајловски: Ќе продолжиме со субвенции за авиолинии

Рекорден бројот на патници на македонските аеродроми. Во првата половина од годината превезени се над милион патници што е зголемување од 22,5% споредено со истиот период лани.

Од јануари до јули услугите на скопскиот аеродром ги искористиле 933 илјади патници што е раст за 20,4%, додека охридскиот имал над 75 илјади патници што е пораст од близу 56%.

Ресорниот министер Мисајловски очекува трендот да продолжи со оглед на субвенциите за авиолинии, како и зголемениот број на туристички посети за кои државата исто така дава финансиска поддршка.

-Многу е значајно за економијата, а од друга страна и многу поволни цени добиваат граѓаните да одат до сите држави, да ги користат услугите и бенефициите на сите компании. Ако пред десет години сме почнале со 15, секоја година се зголемуваше бројот на дестинации и тоа значи дека сме на добар пат и ќе продолжиме со вакви мерки и поддршка од Владата, рече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски во изјава за Сител.

Најчести дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.

Во следните месеци се очекува воспоставување на две нови линии, меѓу Скопје и Доха и Скопје и Хановер.

 
 
24.08.2016 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега