Пратениците ја продолжуваат 114.седница

Собранието на Република Македонија, денеска, на продолжение на 114.та седница, треба да расправа за предлог законите за изменување и дополнување на законите за просторно и урбанистичко планирање и за јавните патишта, двата по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за земјоделство и рурален развој, и за буџетите, исто така по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, во прво читање, како и за  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, во прво читање, поднесен од пратеникот Павле Трајанов.

Претходно за точките од дневниот ред на 114. седница треба да се изјаснат комисиите за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет, за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Законодавно-правната комисија.

 
 
25.08.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега