Премиерот Димитриев на средба со Коѕиас

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, ќе оствари средба Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој денеска доаѓа во посета на Македонија.

Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија.

Инаку, предвидено е Коѕиас да оствари средба и со претседателот Иванов и со министерот Попоски.

Ова ќе биде втора посета на Никос Коѕиас на Македонија, по минатогодишната во јуни кога во Скопје имаше средба со македонскиот колега Никола Попоски.

 
 
25.08.2016 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега