Денеска се очекува комплетирање на ад хок телото за медиуми

 

Денеска се очекува да биде избран петтиот член во ад-хок телото за медиуми. Извори од двете политички партии велат дека во текот на денешниот ден ќе се направат напори да се затвори и последната точка од договорот кој партиите го потпишаа на 20 јули.
Вчерашните разговори заглавија откако членовите не можеа да се договорат кој ќе им се приклучи во телото за медиуми.

Според информациите, СДСМ инсистира двајца од петте члена да бидат од структурите на СОРОС. Тие бараат покрај новинарот Горан Трпеновски кого самите го предложија, преку СОРОС да имаат уште два члена во комисијата. Љубомир Костовски кој е веќе избран и Сефер Тахири за чиј избор се залагаат.
Сефер Тахири е истакнат соросов активист кој работи за интересите на опозицијата. Неговото име може да се најде на бројни проекти на кои ги финансира СОРОС, а тој беше дел и од протестите и трибините кои СДСМ ги организираше пред Владата.

 

Извори на Press24 брифираат дека во моментов партиите интензивно работата на усогласување на ставовите и дека се очекува во текот на денот да договорат кој ќе го дополни телото чија што задача ќе биде да одредува кои медиуми ќе бидат казнети во предизборниот период поради неизбалансирано известување.

 
 
25.08.2016 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега