Ад-хок тело: СДСМ бара експерт - ВМРО-ДПМНЕ инсистира „експертот“ да не биде од СОРОС
СДСМ бара експерт, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува експертот да биде од СОРОС.
Ад-хок телото за медиуми топ тема во дневно политичката пресметка меѓу најголемите политички партии.
„ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува членовите на ад хок телото за следење на медиумите за избори да го изберат петтиот член за да може ова тело да почне да функционира. Не отстапуваме од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува согласно законските ингиренции на ова тело“ – велат од СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицијата за експерти ги прогласува луѓето кои се декор на нивните протести
“ СДСМ прогласува за експерти некои луѓе кои повеќе пати се качиле на ладата на нивните протести и луѓе кои насилнички се заканувале кон новинари.
Да сакаше СДСМ слободни и фер медиуми, немаше да бара СДСМ да го назначува главниот уредник на информативната редакција на МТВ. Немаше да бара централно цензорско тело кое ќе кажува што е добар, а што лош новинарски став или мисла. СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку целосна контрола врз медиумите.
Ад-хок телото не смее да подлегне на ваквите притисоци од аболицираниот криминалец Заев. Деструкцијата нема иднина во Македонија.
Ад-хок телото ја има целосната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да го избере најдобриот кандидат.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Двата члена за кој СДСМ се залагаше да станат дел од ад-хок телото за медиуми се Петрит Сараќини и Сефер Тахири.
И двајцата важат за дел од структурите на СОРОС. И двајцата се редовни гости на митинзите и протестните собири на СДСМ и редовно ги навредуваат и напаѓаат новинарите кои не известуваат во согласност со уредувачката политика која се креира на Бихаќка.
Сараќини стана познат кога со метална шипка се обиде да го нападне својот колега, новинарот Бобан Нонковиќ.
Треба да се напомене дека во ад-хок комисијата веќе има еден член кој е дел од проектите на СОРОС. Станува збор за Љубомир Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа