Лидерска средба закажана за утре

 

Утре во 13:30 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи лидерска средба. На средбата лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, согласно договореното, треба да се изјаснат дали се исполнети условите за одржување на избори на 11. декември.

До сега целосно е завршена постапката за прочистување на избирачкиот список од спорните гласачи. Усвоена е и методологијата за мониторинг на медиумите. Единствена точка која преостанува да се дефинира денеска е изборот на петтиот член на ад хок телото за мониторирнг на медиумите.

Од партиите претходно порачаа дека постои желба и оптимизам за изборно соочување во декември.

 
 
30.08.2016 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега