Продолжува комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2016
Собраниската Комисија за финасирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој е наменски за целосна отштета во поплавените подрачја.
Со ребалансот треба да се обезбедат дополнителни 2,240 милијарди денари за постојана резерва за надминување на последиците од поплавите во Скопско и Тетовско и да се изврши ревидирање на буџетскиот дефицит на ниво од четири отсто од БДП.
Расправата за ребалансот во Комисијата за финансирање и буџет, според собранискиот деловник, може да трае десет дена. На пленарна седница, пак, оваа точка е закажана за 19 септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа